Полската авијација во текот на изминатата ноќ подигна авиони поради активностите на руската авијација со долг дострел на територијата на Украина, соопшти оперативната команда на вооружените сили на земјата.
– Тоа беше долга и напорна ноќ за целиот систем за воздушна одбрана на Полска, се вели во соопштението објавено на X.
Се додава дека подоцна, поради намалување на нивото на опасност од ракетните напади на руските авиони на територијата на Украина, активностите на полската и сојузничката авијација во полскиот воздушен простор биле прекинати, а силите и средствата се вратиле во нормални активности.
Се истакнува и дека полската армија постојано ја следи ситуацијата на територијата на Украина и е во постојана готовност поради безбедноста на полскиот воздушен простор.
Киев соопшти дека рано утринава руските сили нападнале енергетски објекти во пет региони на Украина со повеќе од 100 проектили и дронови.