Државниот секретар на САД, Мајк Помпео пристигна денеска во Пјонгјанг на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун чија цел е денуклеаризација на Корејскиот полуостров и воспоставување мир.

Помпео пристигна во севернокорејскиот главен град од Токио каде вчера имаше средба со премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе и со министерот за надворешни работи Таро Коно.

Државниот американски секретар ќе замине за Сеул за да го информира за разговорите во Пјонгјанг претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин. Во текот на утрешниот ден ќе замине за Пекинг на средби со кинески официјални лица.