Пекари од Косово биле заинтересирани да носат леб во Македонија по пониска цена и од замрзнатата на 33 денари, односно и за 27 денари за леб од 500 грама, наспроти нашиот леб од 450 грама.

Потегот на македонските пекарници кои не ја прифаќаат замрзнатата цена од 33 денари од Владата предизвика некои пекари од Косово, како што објави порталот на албански јазик Лидери, па се понудиле да носат леб во Македонија по цена од 27 до 28 денари.

– Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во С. Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци – изјавиле дел од пекарите од Урошевац.

Според пишувањата на Лидери, пекарници од Урошевац, тврдат дека им одговарала понудената цена од 33 денари, а нудат и пониска.

Дури, како што велат, тие месат леб од 500 грама, а во Македонија се продава од 450 грама, така што без проблем би прифатиле да доставуваат леб и за 30 денари.

Инаку, во текот на минатата година, Македонија увезуваше пченица од Србија и потоа извезуваше во Косово, Албанија и други земји.