Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме, напиша на својот Фејсбук профил патриотот Јане Ченто, кој се наоѓа во притвор.

– Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии. Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба. Збогум Шутка!- напиша Ченто во кратката порака.