Лекар во струшката болница вчера пријавил дека се исечени бакарните цевки за довод на гасови во операциона сала во болницата за нефрологија, соопшти полицијата. Случајот вчера претпладне, во СВР – Охрид го пријавил 61-годишен вработен како анестезиолог во „Специјализираната болница за нефрологија“ во Струга.

Тој, како што е наведено во билтенот на МВР, пријавил дека непознат сторител со употреба на предмет насилно ги оштетил цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата. Прво била оштетена надворешната обвивка, а потоа во внатрешноста од цевката и биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операциската сала во зградата.

Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, но засега нема други ионформации за саботажата.