Организаторите на Олимписките игри во Токио во 2020 година, го претставија денеска факелот, дизајниран по мотивите на познатата јапонска цреша.
Цветот од цреша е најомилен во Јапонија. Организаторите изјавија дека дизајнот е избран бидејќи штафетата со олимпискиот факел ќе почне за една година во март, кога дрвјата со цреши цветаат ширум Јапонија.
Пламенот ќе се појави од сите пет ливчиња на врвот на факелот.
Организаторите велат дека користеле најмодерна технологија, а е направен е од алуминиум од отпад од привремен станобен простор изградени за жртвите од цунамито во 2011 година.
Дизајнот е на Токуџин Јошиока.
Олимпискиот факел ќе почне од Фукушима на 26 март следната година и ќе се врати во Токио на 10-ти јули.
Олимписките игри започнуваат на 24 јули и ќе траат до 9 август.