Микробиологот проф. д-р Никола Пaновски во интервју за емисијата „Во Центар“ повика на итно укинување на вакциналните сертификати, откако прецизираше дека во време на омикрон сојот нема никаква разлика помеѓу вакцинираните и невакцинираните лица во Македонија.

Тој додава дека по правило би требало прележаните да се позаштитени од вакцинираните. Од сите прележани досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години, а од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот, вели д-р Пановски.

– По правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вaкцинираните. Природен имунитет, кај нас сега последно кажаа дека 13 прележани починале. Од сите прележани, а невaкцинирани, досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години. Од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот на починати. И сега некој кажува, министерот Филипче кажа, па го натера и премиерот, нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вaкцината е многу подобра од природниот имунинeт. И тоа го кажуваа и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула, рече Пановски.