Самоспознанието е најважниот момнет од нашиот земен живот. Ако сакаме да си одговориме на илјадниците прашања за кои нашата душа бара одговор, треба да сфатиме дека пред се сме енерго-информациони суштества. Луѓето се уште го немаат сфатено својот вистински и длабоко вграден потенцијал за сопствен духовен развој.

Луѓто кои систематски практикуваат медитација и визуелизација, успеваат да завладаеат со својот ум и ги сфаќаат можностите на својот мозок.

Научниците докажале дека нашиот мозок е „пластичен“  и дека може да биде препрограмиран. Градењето на нови невро-патишта може да активира нови зони во мозокот.

Преку препрограмирање и градење на нови невро патеки успеав за 28 години да им помогнам на многу луѓе да го воспостават своето психичко и физичко здравје. На моите курсеви кои во текот на 25 години ги водев во Бугарија, кај многу луѓе успеав да ја променам мислата од негативна во позитивна форма и преку други техники да им овозможам да го постигнат своето физичко и психичко здравје.

Многу жени успеаја да стават крај на старите „модели“ на својот несреќен живот и да започнат нова етапа во животот која ги направи среќни и успешни во кариерата и во личниот живот.

На многу луѓе им помагам да завладеат со своите негативни емоции и да излезат од депресија. Ако вие знаете дека вториот дел од вашиот мозок е поврзан со емоциите, стресот, депресијата и дека постои врска меѓу нервниот и хормоналниот систем, тоа ќе ви помогне да се излекувате без да примате „тешки“ антидепресиви кои ви ги препорачува медицината.

Треба да знаете дека медитацијата, како и молитвата, еднакво содржат три елемента:

-одвојување на сетилата од надворешната реалност

-концентрација кон еден објект

-непрестан поток на концентрација и осознавање-медитација.

Јогите од најдревни времиња спознале дека пред медитацијата треба да се завладее, да се постигне концентрација.

Сите тие практики секој од вас може да ги завладее. Доволно е да го спознаете својот проблем кој во еден конкретен момент треба да се реши – сеедно дали е тоа здравствен, личен или бизнис проблем.

Проблемот може да се надминува поединечно, но и групно.

При тоа се користат визуални методи на концентрација, како и мантри според конкретниот проблем. Ќе успеете да го препрограмирате своето здравје, животот, бизнисот, љубовта, во позитивна насока, кои, од тој момент, па натаму, ќе можете да ги контролирате. Со еден збор, ќе творите нови идеи.

Проф. д-р Звездна Георгиева, шеф на катедра „Квантово лечење“ и „Квантова психологија“. Консултации на тел. 075 688 588