САД, Велика Британија, Германија, Украина и Полска ги оценија како неслободни, нефер и недомокарстки претседателските избори во Русија на кои според првичните рзеултати, Владимир Пути ќе освои уште еден шестгодишен мандат како шеф на државата.
Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер – е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од руските претседателски избори.
Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни, ниту фер со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречил другите да се кандидираат против него“.
Британскиот Форин офис, пак, оцени дека „со незаконското одржување избори на украинска територија, Русија покажува дека не е заинтересирана да се најде начин за мир“.
– Велика Британија ќе продолжи да дава хуманитарна, економска и воена помош за Украинците кои ја бранат својата демократија, се наведува во соопштението од Форин офисот.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека „псевдоизборите во Русија не се ниту слободни, ниту фер, а резултатот никого нема да изненади. Владеењето на Путин е авторитарно, тој се потпира на цензура, репресија и насилство“.
– „Изборите“ на окупираните територии на Украина се ништовни и друго кршење на меѓународното право, оценува МНР на Германија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање кажа дека во Русија имало „имитација на избори, кои немаат легитимитет“.
– Деновиве рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што веќе често се случуваше во текот на историјата, едноставно е болна за власт и прави се за да владее вечно, наведе Зеленски.
И полските власти вечерва соопштија дека претседателските избори во Русија „не се легални“.
– Претседателските избори во Русија не се легални, слободни и фер, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Полска.
Според официјална Варшава, гласањето било одржано „во контекст на тешка репресија“ и во региони на Украина окупирани од Русите, што е кршење на меѓународното право.са/
Фото: ЕПА/МИА архива