Русија го подобрува својот нуклеарен арсенал и ја поддржува највисоката готовност на своите стратешки сили додека Западот води „хибридна војна“ против неа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на конференција на високи претставници на руската одбрана.

„Москва ќе продолжи со својата „специјална воена операција“ во Украина“, додаде Путин.

Тој изјави дека обидите да и се нанесе стратешки пораз на Русија не успеале.

Фото: МИА архива