Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност наскоро да ја посети Северна Кореја, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Агенцијата ја објави подготвеноста на севернокорејската Влада „искрено да го поздрави најблискиот пријател на корејскиот народ“.

Претходно неделава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева оти посетата ќе биде договорена и дека Путин ќе отпатува во Северна Кореја „во догледна иднина“.

На продлабочувањето на врските меѓу Москва и Пјонгјанг во странство се гледа со сомнеж и загриженост.

Ким беше на рускиот Далечен Исток минатиот септември

Се верува дека Северна Кореја ја снабдувала Русија со муниција и балистички ракети што беа користени во инвазијата на Украина. Затоа, постојат стравувања дека Русија би можела да обезбеди техничка помош за програмите за оружје на Северна Кореја.

фото:ЕПА