Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека последните избори на САД биле наместени преку гласањето по пошта.

– Во САД, претходните избори беа фалсификувани преку гласањето по пошта. Тие купуваа гласачки ливчиња за десет долари, ги пополнуваа и ги уфрлуваа во поштенски сандачиња, без никаков надзор од набљудувачите и тоа е тоа, рече Путин.

Тој на претстојните избори во Русија во март ќе има неколку противкандидати, но ниеден од нив не претставува сериозен ривал.

Руската опозиција тврди дека изборите нема да бидат вистински натпревар, обвинувајќи дека употребата на електронското гласање им создава простор на властите да манипулираат со гласањето во корист на Путин, без да бидат откриени.