Малиот Јане Велковски конечно го доби лекот.

Тој боледува од спинална мускулна атрофија, а деновиве беше во центарот на вниманието на македонската јавност, откако говореше на глобалниот самит на Обединетите нации во Њујорк за Светскиот ден на детето.

По долги години борба, тој конечно успеа да го добие лекот Спинраза, а на својот профил на Истаграм објави фотографија со долгоочекуваниот лек за него.