Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, го нарече премиерот Еди Рама „дрзок, срамен и непростлив“ поради говорот што го одржа на Стратешкиот форум во Блед.

Рама, според Бериша, во својот говор ја споредил Бугарија со Русија, но не ја пропуштил ниту Хрватска, дефинирајќи ги двете држави како агресори.

– Бугарија лесно може да ја нападне С. Македонија како што Русија ја нападна Украина. Хрватска лесно ќе ја нападне Србија, Србија – Косово, а Босна може самата да се нападне, кажа албанскиот премиер „размислувајќи“ гласно што може да се направи за побрз влез во ЕУ, пренесе Независен.

Рама оваа паралела ја направи во врска со тоа  што се случува со Украина како резултат на конфликтот со Русија.

-Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ поради тоа, се прашувам: Кој кого треба да нападне во овој панел за побрзо да влеземе во ЕУ како Украина?  Јас одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне С. Македонија без сомнение, Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може сама да се нападне, ние во Албанија можеме да бараме од Грците да не нападнат и ќе го направат тоа со задоволство, додека Црна Гора може само да лежи на плажа. И така ќе бидеме подготвени да влеземе заедно со Украина, додаде иронично Рама.

Бериша на социјалните мрежи напиша дека „во позиција на дрзок и непростлив јастреб. Рама го изрази своето незадоволство од студениот однос на ЕУ кон Албанија. Бериша додаде дека „Украинците го потпишаа статусот кандидат за членство во ЕУ со крвта, херојството, жртвите и извонредната борба и отпор, со мачеништвото и со смртта на стотици илјади нејзини синови и ќерки во борбата за слободата и суверенитетот на неговата земја од варварскиот руски агресор, но и во одбрана на слободата и суверенитетот на сите слободните народи во Европа“.

– Наспроти тоа, Еди Рама го создаде во Албанија првиот и единствен европски нарко-државен режим, заснован на организиран криминал, дрога и корупција на албанските владетели, притоа принудувајќи ги Албанците да ја напуштат Албанија повеќе отколку што заминаа Украинци од руското бомбардирање на селата и градовите на нивната земја“, заклучи тој.

Бериша додаде дека „Албанците се срамат што ги застапува Рама.“