Се повеќе луѓе се убедени во теоријата дека Земјата всушност се рамна. Тие организираат конвенции, крстарења, а планираат и телевизиски емисии и идни експедиции за да им ја „откријат” вистината на другите. Дури и контроверзниот „јутубер“ Логан Паул неодамна изјави дека сака да патува до крајот на Земјата и дека ќе објави документарен филм наречен „Рамна Земјат: До работ и назад, (The Flat Earth: To the Edge and Back), кој наскоро би можел да има премиера.
Логан е воодушевен од идејата пешачење низ Антарктикот со надеж дека ќе биде првиот што ќе стигне до „ѕидот”.
„Јас сум оној што ќе стигне до работ”, вели тој.
„Не веруваме дека нешто може да падне од работ на Земјата, бидејќи ние се наоѓаме во некој облик на полутопка, а ѕвездите, Сонцето и Месечината се внатре во таа полутопка заедно со нас. Тие се многу високо, но се внатре заедно со нас. Така што, не постои шанса дека нешто може да падне од планетата“, вели Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата.
Планот на „рамноземјашите“ е да дојдат до крајот на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постои раб на Земјата, односно крај на светот. Според нивните тврдења, Џејмс Кук во 1773 година стигнал до големиот леден ѕид на Антарктикот и не можел да најде пат околу него.
Капетанот Џејмс Кук пловел со денови и поминал повеќе од 96.000 километри барајќи дупка во ѕидот низ која би поминал на другата страна, но не успеал да најде, тврдат рамноземјашите. Токму поради оваа експедиција и оние слични на неа, тие веруваат дека не постои ништо на другата страна на ѕидот и дека тука се наоѓа работ на Земјата.
Не е откриен точниот датум кога ќе започне експедицијата, но многумина со нетрпение ги очекуваат резултатите, бидејќи тие ќе отворат нова дебата помеѓу научниците и рамноземјашите околу тоа кој од двата табори е во право.