Моторите се омилени „играчки“ кај повеќемина членови на СДСМ, а вечерва и поранешната потпретседателка и пратеничка на оваа партија, Фросина Ременски, откри дека вози мотор, ама прописно.
– Кога возиш прописно најмногу мора да внимаваш на тие што “излегуваат од шини”. Ако се случи “окршај”, тогаш штетата секогаш оди на нивна сметка. Вози прописно, порача Ременски на Фејсбук.
Освен Ременски досега на мотор ги видовме и лидерот Зоран Заев, министрите Љупчо Николовски, Венко Филипче, Никола Димитров, портпаролот Костадин Костадинов итн.
Ременски вози прописно и ја очекува разврската од судењето со Боки 13 за аферата Меѓународен сојуз. Досега таа на својот профил на Фејсбук објавуваше идилични слики од селскиот живот и гората во Беровско, а вечерва изненади со мотор.
Среќен пат моторџии!