Ова ништожно човече со пазарџиски ментален склоп мислел дека продава магариња, па го вклучил и џамбазот Бојко, пишува порталот Република по синоќешното интервју на Зоран Заев за ТВ Телма.

„Братот Бојко, новиот јарем околу вратот на Македонија, бил вклучен во преговорите со Грција, а ние во Македонија и да не знаеме за тоа. И не само што преговарал, Борисов се се залагал за Македонија „како за своја земја“, пишува Република.

Оваа ексклузивна вест од преговорите кои завршија со потпишување на погугниот Преспански договор ја открива лично Заев во интервјуто за Телма.

– Знам каква поддршка даде кога разговаравме со Ципрас за Преспанскиот договор. Дигаше телефони, разговараше, доаѓаше, се гледавме… на сите тие состаноци. Директно инволвиран како за своја земја, открива Заев во интервјуто.

Неверојатна е леснотијата со која Заев ѝ соопштува на македонската јавност дека Македонија не е суверена земја.

Извор: Република