Двојката се запознала преку филмот „Jamon, Jamon” во почетокот на 90-тите години, но љубовта помеѓу Пенелопа и Хавер се развила дури во 2007 година, кога повторно се сретнале во серијата „Вики Кристина Барселона”. Оттогаш, тие се неразделни, а  посебна среќа во животот им се нивните деца, ќерката Луна иа синот Лео.

Иако шпанската актерка секогаш вели дека нејзиното семејство е на прво место, а поради тоа го намали бројот на филмови што ги снима годишно, таа никогаш не зборува за своите деца во нејзините интервјуа. Сепак, таа направи исклучок.

-Најсреќна сум што сум мајка, но многу работи ме изненадија околу мајчинството. Како да се случува мала револуција во тебе, целиот свет ти изгледа поинаку. Никогаш повеќе нема прво да размислиш за себе, и мислам дека тоа е добро. Сето тоа сè  случува за неколку секунди , вели Пенелопа.