Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руски полигон на копно.

Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС.

– Крстосувачката ракета „Калибр“ ја погоди крајбрежната цел на полигонот Сјуркум во планираното време, соопшти прес-службата.

Пред лансирањето на проектилот, подморниците изведоа тактички маневар за скришно распоредување во областа на извршување на зададените мисии, соопшти прес-службата. Вежбата вклучуваше и тајни движења и поддршка за воени бродови, авиони и беспилотни летала, соопшти руската пацифичка морнарица.