Руски медиуми објавија за спречување на терористички напад на Денот на победата, прославуван на 9 мај, од страна на ФСБ во областа Калининград.

Симпатизер на Десниот сектор, забранета организација во Русија, припремал терористички напад и затоа е уапсен, пишуваат руски медиуми.

Рускиот државјанин, по терористичкиот напад насочен кон воениот персонал, планирал да оди во Украина со цел да учествува во непријателства против вооружените сили на Руската Федерација, тврдат од ФСБ.

Наводно, во домот на уапсениот Русин, пронајдени се импровизирана експлозивна направа и симболи на Десниот сектор. Против него била поднесена кривична пријава за подготовка на терористички напад и нелегално производство на експлозиви.