Црква во Калифорнија во близина на границата на САД со Мексико планира на еден рид да изгради статуа на Богородица, висока 12 метра, за да им испрати порака за надеж и добредојде на имигрантите.
Весникот Лос Анџелес Тајмс нагласува дека црквата за подигнување на статуата била инспирирана со Кипот на слободата.
Статуата ќе биде наречена „Добредојде странецу“, а приврзаниците на таа идеја се обидуваат да соберат милион долари за нејзина изградба до почетокот на идната година.
Бискупот Роберт Мекелрој од римокатоличката бискупија на Сан Диего вели дека тој споменик ќе биде потсетник на придонесот на имигрантите за САД.