Американски воен авион се урна во водите на источен Медитеран, соопшти Европската команда на САД (USEUCOM).
Во соопштението се вели дека авионот се урнал за време на тренинг активности. „Вечерта на 10 ноември американски воен авион кој изведуваше тренажни операции во источниот Медитеран доживеа несреќа и се урна“, се вели во соопштението за печатот.
Се истражуваат причините за несреќата, но нема знаци на непријателски дејствија, соопшти Командата. Се наведува и дека од почит кон погодените семејства, нема да бидат објавени дополнителни информации за луѓето кои биле во авионот.
фото: архива/илустрација