Американската влада уште еднаши се закани на Русија дека ќе го запре проектот за германско-рускиот гасовод Северен поток 2 во случај на руска инвазија врз Украина.

-Доколку Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, „Северен поток 2“ нема да профункционира, а Русија разбира дека тоа го координиравме со нашите сојузници, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, за Ен-Би-Си.

Запрашан дали германскиот канцелар јавно ќе се заложи за таква мерка при неговата прва посета на Вашингтон денеска, Саливан рече: „Ќе го оставам германскиот канцелар сам да одговори на тоа прашање“.