Француската армија прикажа видео снимки од руските платеници од групата Вагнер како закопуваат околу десет тела во близина на базата Госи, која ја користеа француските војници во Мали, а со цел да го обвинат францускиот контингент за злосторства, јави дописникот на МИА.

Обелоденувањето, од страна на француската армија, на обидот за манипулација со цел да се дискредитира операцијата Бархане, хунтата во Бамако и нејзините нови сојузници, руските платеници од групата Вагнер, беа соочени со вистински докази. И се поставува прашање: дали да се осудат делата, дали има сомневање во доказите обезбедени од Франција, или да се премине преку ова прашање, пишуваат повеќе француски медиуми.

Во Сахел се води и војна на влијание и комуникација. Во соопштението за печатот објавено во петокот вечерта, персоналот на вооружените сили на Мали избра да избегнува користи зборови кои може да предизвикаат лутина. Тие го потврдија откривањето на масовна гробница во близина на базата Госи, по нејзиното предавање од Франција во вторникот. Без да го именува Бархан, Фама изрази жалење за комуникациите насочени да наштетат на нивниот имиџ. Тие ветија дека ќе се отвори истрага, но дека масовната гробница датира од пред предавањето.

Во четвртокот вечерта, француската армија им претстави на некои медиуми, слики на кои се прикажани војници како закопуваат десетина тела во близина на базата Госи, вратена два дена претходно на вооружените сили на Мали. Други слики од оваа „масовна гробница“ беа објавени неколку часа претходно на профил на Твитер, при што се обвинуваат француските војници дека тие се одговорни за злосторството.

Видеото на Твитер можеше да даде чувство дека труповите штотуку се откриени. Но, индициите акумулирани од армијата сугерираат дека оваа инсценација била измислена од војниците на Вагнер. Нивните униформи како возилата што се користат ги означуваат како „сценаристи“ на делото.

-Тоа беше структуриран и координиран информативен маневар, коментира француската армијата, опишувајќи ја механиката која почнаа да се ангажира на социјалните мрежи. Првиот твит објавен во средата на профил на наводен „поранешен војник“ на Мали, ден по враќањето на базата, зборува за откривање на тела и постоење на видео. „Да се посее семето “, велат Французите. Следниот ден, втора порака и фотографија, а трета го емитува видеото од труповите. Содржината почна да се споделува, да се шири, кога француската армија избра да реагира за да го попречи „нападот“.

Дури и сурова, манипулација може да се прошири и да му наштети на угледот на Бархан.

-Имаме работа со информативна борба каде се дозволени сите средства и асиметрична борба. Нашето главно оружје е транспарентноста. Поради тоа, армијата емитуваше слики снимени со дрон во текот на ноќта и денот на нешто повеќе од 3 километри од базата. Гледаме камп, а на други војници кои ги покриваат телата со песок и ја снимаат сцената. Со вкрстена проверка, можеме да заклучиме дека ова се лажните вести објавени на Твитер. Целата секвенца не беше снимена, поради недостиг на средства достапни во тоа време. На снимката не се гледа како се носат остатоците.

Француските војници очекуваа манипулација. Минатиот ноември, гласините кои ја обвинуваа Франција за организирање трговија со оружје во корист на терористичките групи, мобилизираа толпа противници во Буркина Фасо, а потоа и во Нигер, блокирајќи го логистичкиот конвој неколку дена. Социјалните мрежи вриjат од антифранцуски чувства поттикнати од профили поврзани со Русија. „Позадинската бучава е постојана “, објаснува претставник на армијата. Откако започна повлекувањето од операцијата на француските војници, Бархан е на готовност.

Враќањето на базата Госи беше предмет на особено внимание. Затоа беше направен „прецизен попис“ со Фама и церемонијата беше многу фотографирана. „Затоа беше тешко да се организира постановката во рамките на кампот“, велат од армијата. Веројатно затоа постановката се одржа малку подалеку. Француските војници претпоставуваат дека Вагнер ќе бара што и да е за да се насели во базата Госи. Во секој случај, од среда единициа на војската на Мали ги зазеде просториите во придружба на некои руски војници како што покажуваат некои фотографии.

Откако се двоумеше, армијата избра да возврати пред да ги предупреди своите соговорници од Мали. Тие не го признаваат присуството на Русите на нивна страна. „Мали нема приватна компанија за обезбедување како што се тврди овде и таму“, рече министерот за надворешни работи Абдулаје Диоп во средината на април.

Сепак, меѓу 1.000 и 1.100 војници на Вагнер биле присутни во Мали, според проценките на француската војска. Тие се активни особено во Бамако, Сегу, Мопти, Севаре и Тимбукту. Тие вршат крвави операции со Фама во центарот на земјата, област каде што Бархане не е присутен. Тие се вклучени во масакрите во Мура, во кои на крајот на март беа убиени повеќе од 300 цивили од Мали, или во операција спроведена во вторникот во Хомбори. Таму животот го загуби еден од нивните луѓе. Таму е можно да се направени злосторства.

Освен тоа, ОН беа загрижени за „наводите за кршење на човековите права извршени за време на неделниот пазар во Хомбори, за време на операцијата спроведена од вооружените сили на Мали, кои наводно биле придружени од група странски војници “. Посмртните останки во Госи би можеле да бидат жртвите на овој напад. Ова е претпоставка формулирана во армијата на Франција. Двата града се оддалечени помалку од 100 километри. Во врска со Мура, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права оваа недела жали што властите на Мали не им дадоа пристап на истражителите од Минусма, вооружените сили на ОН во Мали.

Вагнер претставува повеќе стратешки отколку воен предизвик за француската армија во Сахел. Двете сили внимаваат да не се сретнат на теренот. Но, руските социјални мрежи го поттикнуваат антифранцуското расположение. Вагнер, исто така, одржува форма на конфузија на социјалните мрежи со тоа што се осигурува дека има поддржувачи во француските единици. Малиските сили се поделени. Еден дел се бори заедно со Франција повеќе од девет години и погрешно го разбира тековниот развод.

Во глобалното натпреварување кое се игра против Русија, Франција си постави за цел да го деконструира влијанието на Вагнер. „Мораме да ги разбереме нивните начини на извршување на работите, довери висок офицер во Сахел пред неколку недели. Тие живеат на грбот на земјите. Ќе си заминат кога тие веќе нема да бидат профитабилни“, додаде офицерот. Во реалноста како и на нематеријалните полиња, предизвикот е да се урнат маските и да се покажи вистинското лице, заклучува париски „Фигаро“, кој пишува на оваа тема.