Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, соопштува денеска владејачкиот СДСМ, во врска со борбата со коронавирусот.

Како и во изминатиов период, и денеска од седиштето на СДСМ ја продолжуваат борбата против коронавирусот и за здравје на граѓаните со обвинувања кон опозицијата.  Во продолжение соопштението од СДСМ, кој и натаму води изборна кампања за градоначалници на Штип и Пласница, како и кампања против опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен. Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните. Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски. Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност. Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец, по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението од Центарот за комунакции на СДСМ.