Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија и за Одринско, вели премиерот Зоран Заев во изјава за бугарската агенција БГНЕС.

– Наследивме време кое не беше во прилог на пријателството меѓу нас, а Југославија не подели. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината, вели Заев.

БГНЕС: Ако ве разбирам добро, македонската држава сега е подготвена да ја отвори оваа страница и луѓето во Македонија да разберат што се случило?

З. Заев: Одредивме заедничка прослава за историски личности од средниот век од цар Самоил назад – до Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обедини. И во Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.

З. Заев: Ова не е точно. Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети, итн. Ви ги потенцирам историските факти на кои треба да работиме во иднина, бидејќи минатото не ни ја даде оваа можност. Сега мора да покажеме здрав разум, во сегашните генерации, да го смениме сето ова во духот на големото пријателство што го имаме, што гарантира уште подобра соработка во иднина.

Тој додава дека досега биле избришани повеќе табли на кои пишувало дека Бугарија била фашистички окупатор во Македонија. Погледнете ја целата изјава на Заев во видеото.