Зијадин Села ја остави отворена идејата за ново парламентарно мнозинство по локалните избори во земјата.
Лидерот на Алијианса за Албанците во своето синоќешно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, рече дека СДСМ и ДУИ ќе ги загубат изборите и според него, со ова го губат секој морален кредибилитет да продолжат да владеат.

Затоа, според Села, опозицијата очекува нова влада.

„Можно е ново парламентарно мнозинство, бидејќи СДСМ и ДУИ ќе ги загубат изборите, а со тоа го губат секој морален кредибилитет да продолжат да владеат со народот. Ќе бидат лишени од власт на денот на локалните избори и очекувањата на опозицијата се дека ќе има нова влада – ново парламентарно мнозинство“, рече Села.