Заклучно со вчерашниот ден вкупно 195 припадници на Армијата се вклучени во обезбедување на ред и дополнителна безбедност на болниците низ државава.
Освен во Скопје, припадници на Армијата се распоредени и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево…
– Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.
Во однос на тоа дека има поплаки оти припадниците на Армијата не придонесуваат за воспоставување на ред во болниците и чекаат насоки од обезбедувањето на болниците, Шекеринска со став дека Армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.
– Апсолутно е недозволено и нелогично војска да прима насоки од приватно обезбедување и тоа во никој случај не е така. Она што војската го прима се иструкции кои доаѓаат од Штабот и иструкции кои доѓаат од оперативните планови што ги работи МВР заедно со претставници на Генералштабот, нагласи Шекеринска.