Апсолутно е неточно дека болеста шуга потекнува од касарната во Велес, изјави министерката Радмила Шеќеринска.

– Болеста потекнува од едно лице кое почнало пред две или три недели доброволно да го служи воениот рок. Тоа не е нешто кое треба да не вознемири, бидејќи апсолутно е неточно дека касарната не функционира. Напротив војникот кој бил регистриран дека ја има одредената болест е испратен дома и уште двајца војници се на надгледување, рече Шеќеринска.

Министерката за одбрана ова денеска го истакна одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Воено медицинскиот центар.

– Дефинитивно се работи за војник на доброволно служење војска кој со соодветната здравствена состојба почнал да го служи воениот рок, меѓутоа поради одредениот период на присуство на болеста која не може да биде регистрирана од страна на здравствените органи, бил таму. Имаме 8.000 војска и се разбира дека тој систем функционира и болести имало и ќе има. Тоа е природен дел од работата која ја имаме. Болести има и во нашето образование, здравство и во нашата Армија, додаде вицепремиерката и министерка, Шекеринска.