Демонстранти во Хонг Конг запалија со Молотови коктели празна зграда што требаше да биде карантин-зона за потенцијални носители на вирусот 2019-nCoV.

„Овие акции за уривање се сериозна закана за безбедноста на граѓаните“, нагласи полицијата во соопштение.

Стотици жители на Хонг Конг блокираа улици што водат кон зградата протестирајќи против планот тој објект да биде претворена во карантин-зона.

Во Хонг Конг веќе има шест потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус.

Демонстрантите наведуваат дека не се согласуваат со одлуката на Владата таа зграда да биде за карантин бидејќи се наоѓа во близина на станбен реон.