Водно е бисерот на Скопје и не смее да го вратиме во рацете на неговите уништувачи, објави градоначалникот и се уште кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

– Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам и за свои. Изминатите четири години направивме многу за омиленото место за рекреација на скопјани. Воведовме ред во паркирањето, воведовме бесплатни автобуски линии, набавивме нова противпожарна опрема и возила само за планината и организиравме спасителни служби за рекреативците. Би сакал директно да им одговорам на барањата на иницијативата „Го сакам Водно“ дека од сè срце ги прифаќам нивните барања и ги сметам за свои, објави Шилегов, меѓу другото, на Фејсбук.

Но, наспроти декларативните заложби, скопјани паметат што се случуваше во изминативе четитри години на Водно, за што во повеќе пати сме пишувале, а сега потсетуваме низ фотографии кои ги објавуваме.