Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ зборуваше со висок тон,  видно нервозен и вознемирен. Тој зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да зборува за правда.

Но, пред и по неговиот настап, беа објавени „бомби“ како Зоран Заев во повеќе наврати на различни нивоа договара интервенции во правосудниот систем кои се од интерес за СДСМ и директно го урива принципот на правда и правна држава. Но тоа не е доволно Димитров да зборува за Заев.