Шведско истражување покажало дека до крајот на април само 7,3 отсто од населението во главниот град Стокхолм развиле антитела на новиот коронавирус, што ги засилува стравувањата дека одлуката за непреземање карантински мерки поради епидемијата нема брзо да доведе до создавање колективен имунитет.

Ваквата стратегија ја заговараше главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел. Тој ја даде препораката против ширењето на вирусот да се применуваат доброволни мерки, за разлика од другите земји кои воведоа задолжнителни мерки на изолација и карантин.

Во Шведска останаа отворени повеќето училишта, ресторани, кафулиња и канцеларии, дури и во периодот кога поголемиот дел од Европа беше целосно затворен. Бројот на починатите од Ковид-19 во Шведска е многу поголем отколу во другите нордиски земји, иако е многу помал отколку во земјите како Шпанија, Италија, Велика Британија и Франција.

Бројот на пациентите на одделите за интензивна нега во Шведска падна за третина откако кон крајот на април го имаше својот пик, а здравствените власти тврдат дека епидмијата забавува. Но Шведска последните седум дена забележа најголем број починати по глава на жител во Европа.

Со истражувањето за присуство на антителата требаше да се утврди дали постои потенцијал за создавње на колективниот имунитет, или ткн „имунитет на стадото“, односно лади доволен број лица во популацијата развиле иминутиот, со што заразата би престанала да се шири.

Шведската здравствена агенција во средата соопшти дека резултатите од споменатото истражување се совпаѓаат со нивните модели дека речиси третина од населението во Стокхолм е заразено, појаснувајќи дека студијата е спроведена пред многу време и дека болеста во меѓувреме уште се проширила.

„Малку помалку има отколку што очекуваме, но не многу, моќеби за еден до два процентни поениа“, изјави Тегнел.

Меѓутоа, концептот на колективен иминутите сѐ уште не е испитан во случајот со короанвирусот и не се знае колку тре имунитетот од зарааа кај заздравените пациенти.

Истражувањето е правено на примерок од 1.100 тестови од цела Шведска, а објавено се само бројките за главниот град.

Шведските здравствени власти истакнуваа дека колективниот имунитет не е цел самиот посебе, туку дека целта на стратегијата е да се забави ширењето на вирусот за да не се преотовари здравствениот систем, но е и целосно да се сузбие заразата.

Шведските здравствени експертио тврдат дека земјите коишто воведиа целосен каранти за да ја спречат изложеноста на населението на вирусот, доаѓаат во опасност од повторно разгорувње на заразата.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги предупреди државите да не се потпираат на создавањето на колективниот имуните. Минатата седмица објави дека светските истражувања покажале дека антитела се пронајдени само меѓу 1 и 10 отсто од популацијата, што се совпаѓа со резултатите од неодамнешните истражувања, во Шпанија, Франција и Словенија.

Меѓу критичарите на шведскиот пристап кон епидемијата е Бјорн Олсен, професор за заразни болести на универзитетот во Успала, кој смета дека концептпт на колективен имунитет е „опасен и нереален“ во случајот на Ковид-19.

„Мислам дека иминутитет на стадо е далеку од нас, ако и некогаш го постигнеме“, вели Олсен за Reuters коментирајќи ги резултатите од истражувањето.

Во Шведска до средата вечерта имаше повеќе од 31.000 заразени, а починале 3.831 пациент, што е трипати повеќе од вкупниот број смртни случаи во Данска, Норвешка, Финска и на Исланд.