Дали во Шведска има најмноги припадници на ЛБГТ заедницата – и како бројка и сразмерно н бројот на население – тоа никој не го знае. Не е утврдено.

Но судејќи според вчерашната геј парада во Стокхолм, би се рекло дека оваа земја има најмногу хомосексулаци. И дека во тоа е светски првак.

Но, бројноста на геј парадата ја зголемуваат припадниците на шведската армија. Тие, како и државните чиновници, добиле наредба за учество на парадата. Затоа, припадниците на шведската армија на парздата дошле со камион на кој пишува „We don’t always march straight“ или „Ни не маршираме секогаш право“, со тоа што клучот е во зборот „straight“ на кој овде може да му се даде двосмислено значење, па натписот може да се сфати и како „Ние можеме да бидеме и хетеросексуалци и хомосексуалци“.

На маршот учествувале и полицајците.

Всушност, на секоја геј парада во Шведска припадниците на полицијата и војската добиваат наредба да учествуваат.