Обилни поплави на југот на Франција примораа 1.600 луѓе да бидат евакуирани, меѓу кои и многу туристи-кампери, објавија денес претставници на властите.

Според медиумските извештаи, исчезнат е 70-годишен Германец кој нагледувал деца во летен камп.

До поплавите дојде во период кога јужна Франција како и во поголем дел на Европа се погодени со несносливи жештини.

Во шест департмани е издадена узбуна. Во еден летен камп во Сент Жулиен де Певролас биле евкуирани 119 деца, а Германецот кој ги надгледувал исчезнал. Агенцијата АФП наведува дека бегајќи од поплавите влегол во автомобил, кој потоа надојдената вода го однела со себе.

Најпогодени области се Гуард, Ардеш, и Дром, каде напомош пристигнале 400 пожарникари и полицајци, како и четири хеликоптери. Неколку лица со полесни повреди биле префрлни во болница.

Невремето ја зафати и западна и северна Германија, каде силниот ветер корнел дрва и го запрел сообраќајот. Аеродромот во Франкфурт бил затворен извесен период заради ветрот кој дувал со брзина од 140 километри на час.