Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш изрази жалење за трагично загинатите 45 патници во кобната несреќа во соседна Бугарија.

Меѓу другото, постави 5 барања до власта поврзани со истрагата, но и за превенција на други несакани незгоди во патниот сообраќај. Барањата ги пренесуваме во целост.

1. Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен транспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето.

2. Вонредна контрола на станиците за тенички преглед, во поглед на условите и начинот на работа.

3. Истрага за тоа како автобусот поминал на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорноста на царината, полицијата и инспекторатот.

4. Јавно објавување на регистарот на автобуси и негово најново ажурирање.

5. Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно, да имаат најмалку 3. А автобусите постари од 12 години да имаат 4 технички прегледи годишно.

Системската корупција доведе до 45 жртви, не повеќе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

М.П.