Скопје и вечерва е загадено, а градоначалникот Петре Шилегов е преокупиран со палење на светилките на елката и со постигнување нов Гинисов рекорд.

Почитувани и драги мои скопјани, ве повикувам утревечер на палење на светилките на Новогодишната елка и официјалното отварање на Винтерленд. Програмата почнува утре вечер во 17:30 часот. Елката ја палиме во 19:30 часот. Секој е пожелен и добредојден. И, да, на 21 декември, сите ние заедно, ќе се обидеме да направиме нов Гинисов рекорд на Винтерленд. Ве молам, внимателно следете ги информациите за 21-ви декември. Нашето Скопје и вие, скопјани, гинисови рекордери. Скопје на светската мапа, порача вечерва Шилегов преку Фејсбук.

Да, точно, Скопје веќе подолго време е на светската мапа, ама, за жал, на најзагадени градови.