На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во осум е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција сакнционирала 17 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај исклучила 23 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 16 нерегистрирани возила.

СВР Скопје информира дека издадени се и 108 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 69 возила.

Санкционирани се и 17 возачи за непрописно престројување, 10 возачи кои поминале на црвено светло, 23 возачи за користење на мобилен телефон додека возеле, осум возачи за неносење на сигурносен појас, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници во СУГС „Сарај“.