Над 120 тужби се поднесени по основ на трансформација на работен однос од определено на непопределено работно време на учителите и наставниците од основните и средните училишта, преку адвокатската канцеларија на СОНК, Шехтански. Трансформациjа на работниот однос, според Синдикатот, чекаат околу 1.700 наставници.

За ова денеска на прес-конференција информираа од СОНК презентирајќи го Ивештајот за поведените судски постапки од своите членови во врска со правото од работен однос и донесувањето различни пресуди по таа основа.

Судскиот застапник на Синдкатот на образованието, Ванчо Шехтански обвини за селективност на судот кој за ист предмет различни судии  носат различни одлуки по ист основ. Најави дека за овој случај ќе биде запознаен и Народниот правобранител за кршење на член 6 и 7 од Законот за работни односи.

Според Шехтански, до овој проблем дошло поради законските пречки за Комисијата за вработување односно заради изборниот законик кој предвидува во тек на изборна година да бидат запрени сите трансформации на работниот однос. Појасни дека Комисијата во која влегуваат по еден член на синдикатот, од МОН и од општината ги прима сите барања на оние кои го исполнуваат условот од над две години стаж.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков информираше дека од 2009 до март 2017 година направени се 8.000 трансформации. Според него, во моментов има наставници кои се со пет и повеќе години стаж, а сеуште немаат трансформација