Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе патува на Светското првенство во Египет иако не се квалификуваше.
Денеска стигна информација дека Чешка нема да патува во Египет, поради проблеми со Ковид-19. Потоа се огласи и официјално Интернационалната ракометна федерација, дека селекцијата на Македонија ќе биде замена за Чешка.
Македонија ќе игра против Шведска, Египет и Чиле. Инаку, репрезентацијата на Чиле одигра два контролни меча во Скопје против Македонија, пред заминувањето во Египет.
ЕП ќе се игра од 13 до 31 јануари.
Првиот натпревар на нашата селекција треба да се одигра за два дена, односно в четврток, со почеток од 21:30 часот по средноевропско време. Противник ќе ни биде Шведска, петтата репрезентација од последниот Мундијал, кој пред две години се одржа во Германија.
На 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет од 19 часот. Два дена поцона, во третото коло противник ќе ни биде Чиле, а ќе играме од 16:30 часот.
Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните три репрезентации од секоја група. Ние вкрстуваме со групата Х, каде играат Словенија, Белорусија, Јужна Кореја и селекцијата на Руската ракометна федерација.