Министерот Оливер Спасовски, кој вчера во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, информираше дека над половината од личните документи на граѓаните се променети, со цел во нив наместо Република Македонија, да стои новото име „Република Северна Македонија“ кое произлегува од Договорот со Грција.

На новинарско прашање дали може да се избегнат дополнителните трошоци како со регистарските таблици, Спасовски рече дека мора да се платат документите.

– Документите треба да бидат променети до средина на февруари 2024. Над 50 проценти од документите се променети. Промена на личнните карти, пасошите и други документи мора да биде направен, оти тоа е детерминирано од Уставот и законите. Заа производството на тие документи имаме ангажирано фирма којашто ги произведува. Тие документи мора да бидат платени. За регистарските таблички донесовме одлука со која практично тој издаток нема да го плаќаат граѓаните, рече Спасовски.

Тој информира дека до крајот на годинава полицајците ќе добијат и двојазични униформи.

-Реализација започна на имплементација на сите законски решенија и подзаконски акти итн. А ние тоа го направивме во рокот којшто беше предвиден со правилниците. Секако дека сега продолжува како се вршат набавките во однос на униформата, односно ознаките, така и тие ќе бидат променети. Таа постапка е во тек. Многу скоро време тоа се завршува. Сега имавме одредени технички проблеми во смисла на преводи и објавувања итн. Сето тоа како се завршува и меѓутоа генерално на подрачјето на РС Македонија секаде веќе се започнати, истакна Спасовски во Тетово.