Годинава православниот верски празник Водици утре ќе се слави според владините мерки против пандемијата и под будното око на полицијата.

Како што објави ТВ Сител, иако годинава поради ковид кризата никаде нема да се оддржи традиционалното фрлање на крстотот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави засилени полициски контроли.

Спасовски вели и дека полицијата постојано контролира дали се почитуваат мерките за заштита од вирусот. Министерот апелира грааѓните да се однесуваат одговорно.

Во изминатите денови, полицијата растури повеќе домашни забави, приведе повеќе угостители кои работеле по 18 часот, а пред 5 дена го растури и карневалот во Вевчани.

Минатата недела специјалните единици на МВР го растурија традиционалниот Вевчански карневал, но вчера немаше „засилени полициски контроли“ во Нижополе каде што имаше голем број граѓани, што предизвика револт кај граѓаните поради нееднаквиот третман.

– Јас очекувам дека ќе бидеме на висина на задачата и во утрешниот ден. Секако, тој што нема да почитува ќе сноси одговорност, наласува Спасовски.

Во однос на поголемиот број граѓани на Нижеполе, Спасовски оцени дека тоа било спонтано собирање.

– Секаде се постапува, дали е тоа на настани коишто се организираат од страна на организаторите, дали собирање некаде каде што е спонтано. Ова е практично собирање на граѓани кои спонтано се собираат. Сите активности кои ги преземавме во изминатиот период дадоа резултати. Погледнете ја бројката која ја имаме вчера на заболени на лица кои се оздравени од вирусот. Тоа покажува дека мораме да ја јакнеме пред се јавната свест. Ние сме тука и ќе работиме и секаде имаме непочитување на мерките, полициските овластувања ќе бидат применети, меѓутоа многу треба да се внимава и заеднички да направиме се за да си помогнеме во овој дел. Сега кога веќе сме пред процес на имунизација на населението во којшто очекуваме сите да заврши оваа криза да не направиме некоја лоша услуга на секој од нас и на сите граѓани, порача Спасовски.