Почитувани,

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како Македонци ние ќе ги ословуваме како Славомакедонци, изјави денексаљ Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе потсетам на пишана изјава на Јоргос Катругалос, алтернативен грчки министер за надворешни работи, одговарајќи на критиките од опозицијата вели дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.

– Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето“, додаде Стоилковски.

Тој истакнува дека договорот за капитулација кој што го преговараше Зоран Заев не преставува никаква заштита за идентитетот. Уште една негова лага е дека се штити идентитетот на македонскиот народ.

„Погледнавме две изјави. Првата е на грчкиот премиер Алексис Ципрас каде кажува дека Грција нема да не признае како македонци, и втората е на Јоргос Катругалос кој e алтернативниот грчки министер за надворешни работи и кажува дека во договорот нема споменување на национаност, туку се споменува само државјнство.

Ова укажува на тоа дека Зоран Заев едно говори пред домашната јавност, а грчките политичари го соопштуваат она што Заев го премолчува во Македонија. Договорот на Заев за капитулација не го штити Националниот идетитет, туку напротив го загрозува.

На ова се надоврзува и членот на договорот со кој се предвидува бришење на зборот Македонија од употребата и инситутционалната меморија во земјава.

Ова значи дека Зоран Заев не само што не го штити името туку тргувал и со националниот идентитет и директно го загрозува со ваквиот договор.

Ова е договор со кој стопроцентно се прифаќаат сите грчки барања, ниту една позиција на Македонија Заев не ја заштити во преговорите.
Го повикуваме јавно и гласно да ги објасни изјавите на грчкиот премиер Ципрас и министерот Катругалос? Зошто дома ја лаже јавноста дека идентитетот е сочуван, кога самиот текст на договорот тоа не го потврдува и сосема понинаку говори гркиот државен врв?
Има ли грам чуство за државност Зоран Заев штом прифатил ваков антидржавен и штетен договор?

Договор дивоградба за преуредување на националниот идентитет и облик на Македонија“, додаде Стоилковски.