Македонските туристи, кои летово ќе ја изберат Грција за дестинација за одмор, може да се соочат со проблеми при влез кај јужниот сосед. Кога станува збор за храната, домати, пиперки, краставици, месо, па дури и вода се сместува во багажникот на автомобилот или во фрижидерче.

Во Грција нема да смеете да внесете месо, млеко и млечни производи. Дозволено е да внесете само четириесет цигари, или 50 грама тутун. Можете да пренесете и еден литар пијалак, кој содржи повеќе од 22 проценти алкохол или два литра со помалку од 22 отсто алкохол. Кога се работи за пиво, смеете да внесете 12 литри, а пак вино четири литри.