Подготовка: Денешен.мк

Наспроти општото уверување што ни се пласира дека децата не се заразуваат од САСР КОВ 2 вирусот и уште помалку го пренесуваат, група истражувачи од јавните здравствени власти во Онтарио, дошле до сосема спротивен заклучок кој предизвикува сериозно изненадување кај научниците и лекарите на северно-американскиот континент.

Имено, тие утврдиле дека младите, односно тинејџерите и помалите деца, почесто од нивните постари браќа и сестри можат го пренесат САРС-КоВ-2 во нивните семејства односно домаќинства. До заклучокот дошле откако направиле анализа на јавните здравствени досиеја во Онтарио, Канада – наод што го потиснува вообичаеното верување дека децата играат минимална улога во ширењето на вирусот (за да биде проблемот поголем, ова истражување се однесува на претходната, помалку заразна варијанта на вирусот, а не на „делта“ сојот, забелешка на Денешен.мк).

Студијата на истражувачите од Јавното здравство-Онтарио, објавена на Интернет во JAMA Pediatrics во август оваа година, покажа дека тинејџерите (од 14 до 17-годишна возраст) имале поголема веројатност отколку нивните помали браќа и сестри да го внесат вирусот во домаќинството. Тоа се објаснува со фактот дека тинејџерите се со поголема мобилност, излегуваат, се дружат и слично.

Но, истражувањето покажало и друга застрашувачка последица. Според него, бебињата и малите деца (до 3 години) имале околу 43% поголема веројатност од постарите тинејџери да го пренесат на другите во домот. Значи, тинејџерите се со погоема веројатност да ги донесат вирусот дома и да го прнесат ан постарите. Но, ако се заразат (во градинка или на билокој друг начин) бебињата и децата до три години за 47 отсто повеќе го шират вирусот од тинејџерите, иако досега се мислеше дека нивното учество во ширење на вирусот е речиси непостојно.

Студијата покажала дека децата или тинејџерите биле извор на САРС-КоВ-2 во најмалку едно на секои 13 домаќинства во Онтарио помеѓу јуни и декември 2020 година, покажува студијата. Истражувачите од Јавното здравство Онтарио анализирале здравствени досиеја од 6280 домаќинства со педијатриски случај на КОВИД-19 и подмножество од 1 717 домаќинства во кои дете до 17 години било извор на пренос на вирусот во домаќинство.

Кога ги анализирале податоците, истражувачите ги контролирале половите разлики, месецот на појава на болеста, одложувањето на тестирањето и просечната големина на семејството. Улогата на малите деца во преносот изгледала логична за некои експерти кои ја следеле еволуцијата на пандемијата.

„Мислам дека она што беше поизненадувачко беше колку долго продолжи наративот дека децата не го пренесуваат САРС-КоВ-2“, рекол д-р Сем Скарпино, управен директор за надзор на патогени во Фондацијата Рокфелер.

Во меѓувреме, помалку носење маски, враќање на училиште и активности и напад на варијантата „делта“ ја сменија динамиката на ширење, рекол д-р Андреј Павија, шеф на Одделот за детски инфективни болести на Универзитетот во Јута. „Адолесцентите и децата од средно училиште имаа многу, многу повисоки стапки на инфекција во минатото од помалите деца“, рекол тој. „Сега, кога ги гледаме стапките на заразеност на деца на училишна возраст, тие се исти како и децата од средно училиште, и се повеќе гледаме во предучилишните возрасни групи“.