Тајванските власти предлагаат зголемување на буџетот за одбрана за 12,9 отсто во однос на претходната година и треба да изнесува 13,72 милијарди долари.

Покрај таа сума, Владата предводена од претседателката Цаи Инг-вен предложи уште 3,5 милијарди долари за купување на борбени авиони и друга опрема.

Предлозите за зголемување на буџетот за одбрана се во време на растечки тензии помеѓу Тајван и Кина.

Предлог-буџетот, што е рекорден мора да биде одобрен од Парламентот. Во Тајван шеста година по ред се зголемуваат трошоците за одбрана односно од 2017 година.