Лукот содржи лековити својства кои природно се борат против бактериите, вирусите и габичките.

Лабораториски студии и анализи потврдија дека сировиот лук ги уништува патогените микроорганизми, ги намалува мастите во крвта и потенцијално го намалува крвниот притисок.

Некои студии исто така, потврдиле дека лукот може да го стимулира имуниот систем и да го успори растот на туморот.

Во текот на седум дена, еднаш месечно, секое утро пијте лукова вода. Ова нека стане ваша здрава навика.

Кога треба да се пие лукова вода?

-пред патување за зајакнување на имунитетот

-кога телото треба да се исчисти од токсини

-кај први знаци на настинка

Потребни состојки

8 чешниња лук

1 литар вода

Постапка

Лукот исчистете го и секое чешне преполовете го. Измијте го под млаз вода, а потоа ставете го во тегла. Прелијте го со еден литар вода и затворете ја теглата. Оставете во фрижидер да отстои еден час пред употреба.

Како се користи: Измешајте 50 мл лукова вода и 150 мл обична вода.

1 ДЕН: Пијте на секој час по една ваква доза во текот на денот.

2 ДЕН: Пијте на секои два часа или најмалку трипати дневно по една ваква доза.

Следните денови пијте лукова вода неколку пати дневно.

Четвртиот ден задолжително пригответе нова доза која ќе ја користите во следните три дена. Луковата вода секогаш чувајте ја во фрижидер.