Министерот за внатрешни работи Панче Точковски синоќа говореше за проблемите и хаосот што е направен со смената на документите и необезбеди обрасци во МВР.

Тој во однос на патните исправи, во гостувањето на ТВ Телма рече дека претпоставката е дека некаде околу 650.000 граѓани имаат важечки пасош со името „Република Македонија“.

-Имаме фотографирано луѓе кои немаат земено пасоши околу 100.000, од кои се обработени и одобрени и внесени во рамки на системот за производство околу 60.000 и во околу 30.000 случаи граѓаните се фотографирани но не им е одобрена постапката за да влезат во систем односно чекаат кога ќе стигнат обрасци да се произведат, изјави синоќа Тошковски во Топ тема на ТВ Телма.

Како што рече, на располагање заклучно со вчера имало под 5.000 тип А и околу 10.000 тип Б обрасци за пасоши, тоа значи под 5.000 за да се испринтаат на македонски јазик, а 10.000 на албански јазик.

На прашањето како ќе одат нарачките министерот рече: „Со Господ напред.“

Во однос на патните исправи, Тошковски вели дека претпоставката е дека некаде околу 650 илјади граѓани имаат важечки пасош со името „Република Македонија“.

– Таа бројка на луѓе, јас не можам да кажам дали се надвор или во Македонија. Во секој случај, тие што се тука ќе бидат притворени, само не во домашен притвор или во затвор, туку на територија од 26 илјади км квадратни и ќе им биде, гарантирам согласно мојата емпирија со Стразбур, повредено човеково право, изјави Тошковски.

Најави дека до крајот на месецот треба да пристигнат околу 250 илјади обрасци.