Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица, која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала Река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот фејсбук-профил. Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во нас.Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството, напиша Стојановски на „Фејсбук“.

Десетгодишно девојче исчезна вчера околу 9 часот во селото Бањица, Општина Чашка, а за тоа било пријавено и во СВР Велес.

Исчезнатото девојче вчера цел ден го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот  за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски.