Во СВР Скопје утрово во 8.40 часот било пријавено дека лице додека било качено на цистерна која стоела на железничката станица Илинден од струен удар се запалило.

Од МВР за МИА потврдија оти лицето починало, а е утврдено дека се работи за М.Б (46) од Скопје.

На местото на настанот се излезени екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и Итната медицинска помош.